еМагазин
Image default
Забава

Омар ќе ја претставува Македонија на фестивал во Литванија за деца таленти

Омар Џаферовски ќе ја претставува Македонија на интернационалниот фестивал „Каунас талент“ во Литванија, а ќе се натпреварува со деца од целиот свет. Станува збор за интернационален фестивал каде што 50 земји учеснички се натпреваруваат за престижната награда гран-при.

Омар, кој редовно посетува часови по пеење кај професорката Ана Костадиновска очекува најдобро да се претстави и да се врати со награда.

„За мене најважно е учеството, бидејќи ова е мој прв настап надвор од Македонија, а добриот пласман секако би бил добредојден. Имам завршено нижо музичко образование во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј”. Сметам дека талентите треба да имаат поголем простор за изразување во оваа држава“, вели Омар во изјава за „еМагазин“.

Тој би сакал својата музичка кариера да ја продолжи надвор од Македонија, бидејќи е роден во Чикаго и сигурен е дека никој не би пропуштил таква прилика.

„Набрзо планирам да издадам авторска песна како побрзо би ме запознала македонската публика,а за понатаму времето ќе покаже“, додава тој.

Омар уште од најрана возраст учествува на детски фестивали како на „Супер Ѕвезда“, а на меѓународниот арт фестивал „Езерски Бисери” во Струга освоил „лауреат 3 степен“. Учествувал на повеќе локални, регионални и школски натпревари и има постигнато видни резултати. Повеќе од една година посетува часови во Академијата за естрадно пеење и е кандидат за домашни и меѓународни фестивали.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рамбо Амадеус обвинет за сексуално вознемирување, УНИЦЕФ го прекина ангажманот со уметникот

Редакција

Божиќен концерт на 6. јануари на плоштад „Македонија“ во Скопје

Редакција

(Видео) Калиопи сними дует со Жељко Самарџиќ

Редакција