еМагазин
Image default
Локално

ООУ „Лазо Ангеловски“ партнер во два Еразмус+ КА229 проекти

ООУ „Лазо Ангелосвки“ ќе биде партнер во два Еразмус+ КА229 проекти во периодот од 2019 – 2021. година.

Првиот Еразмус+ КА229 проект е под наслов Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре (Young journalists of today – responsible digital citizens of tomorrow) во кој координатор е училиштето “Sveti Petar” од Ореховец, Хрватска, а партнерите во овој проект покрај ООУ „Лазо Ангеловски“ се училиштата “SCOALA GIMNAZIALA NR. 5” од Александрија, Романија , “Dositej Obradovic” од Чичевац, Србија и “IES Maestre de Calatrava” од Сијудад Реал, Шпанија.

Главната цел на проектот е развивање на медиумската писменост на учениците и наставниците на продуктивен начин преку публикување на дигитален училишен весник и креирање на работилници за медиумска писменост.

Проектни активности и резултати:

-Дигитален училишен весник (креиран од самите ученици).

– Веб страна на проектот.

– Работилници за развивање на медиумската писменост (за ученици, наставници и родители).

– 1 мобилност за тренинг на наставници (Хрватска).

– 4 ученички размени (Србија, Македонија, Шпанија и Романија) на теми: Моќта на медиумите, Медиумите и сензациолизмот, Лажни вести и Медиумите и социјалното однесување.

– Конкурси за најдобар постер, видео, текст/приказна и дигитален стрип по повод Интернационалниот ден за заштита на интернет.

– Дигиталн повеќе јазичен речник.

– Збирка со дигитални апликации за употреба во наставата.

– Збирка со добри пракси.

Вториот Еразмус+ КА229 проект е под наслов Кретаивни читатели (Creative readers) во кој координатор е училиштето “Josip Kozarac“ од Липовљани. Хрватска, а партнерите во овој проект покрај ООУ „Лазо Ангеловски“ се училиштата “Zakladni skola a Materska skola” од Опава, Чешка , “4 DIMOTIKO PEFKON” од Грција  и “Saldus novada pasvaldibas Druvas vidusskola” од Салдус, Латвија.

Главна цел на овој проект е развивање на писменоста и поттикнување на учениците да читаат активно и критички со цел развивање на клучните компетенции и развивање на социјалната инклузија и зголемување на мотивацијата за читање.

Проектни активности и резултати:

– Обработка на лектирни дела со меѓупредметна корелација (македонски јазик со ликовно и музичко образование и странски јазици).

– Обработка на книжевни дела со употреба на иновативни техники.

– Снимање на видеа и пишување на брошура со примери на добра пракса.

– Консурси за обележување на Интернационалниот ден на мајчиниот јазик.

– Средби со писатели и поети.

– Веб страна на проектот.

– 1 мобилност за тренинг на наставници (Хрватска).

– 4 ученички размени (Чешка, Македонија, Грција и Латвија).

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Пластичарска улица“ не личи на себе

Редакција

36-годишна жена од Скопје пронајдена мртва во куќа во Гевгелија

Редакција

Возачи бараат да се исчисти од снег автопатот од Миладиновци до светиниколското село Преод

Редакција