еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ОПЕК го намалува производство на нафта: Не очекува поскапување на бензините

Членките на Организацијата земји-извознички на нафта (ОПЕК) и државите кои не се членки на таа група, на средба во Виена донесоа одлука за намалување на дневното производство на нафта.

Сухаил Мохамед ал Мазроеи, претседател на Конференцијата на ОПЕК и министер за енергетика на Обединетите Арапски Емирати изјави дека ОПЕК донело одлука за намалување на дневното производство за 800 илјади барели нафта.

„Земјите кои не се членки на ОПЕК, исто така, одлучија дневното производство да го намалат за 400.000 барели. Значи, донесена е одлука за намалување на производството за 1,2 милиони барели нафта“, изјави Ал Мазроеи на прес-конференцијата по одржаната средба.

Тој рече дека разговорите траеле подолго од очекуваното, но изрази задоволство од „успешната одлука, која на крајот успеале да ја донесат“. За носењето таква одлука, тој посебно се заблагодари на Русија и државите кои не се членки на ОПЕК.

Одлуката за намалување на дневното производство на нафта ќе почне да се применува во јануари 2019 година и ќе трае шест месеци.

Тоа значи дека во овој период се можни поскапувања на бензините и во земјава со оглед на тоа што намалената понуда на нафта по правило резултира со зголемување на цените на нафтата на берзите по кои се форрмира и цеата на бензините во Македонија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку акции поседуваат во Витаминка кандидатите за членови на Одборот на директори на компанијата

Редакција

Наредните денови раст на температурите, в сабота северен ветер и снег во западните делови

Редакција

Нема ни стан, ни автомобил: Каков имот пријавил идниот премиер Зоран Заев

Редакција