еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Операторите го одложија најавениот прекин на реемитување на домашни и странски телевизиски канали

Премиерот Оливер Спасовски, придружуван од министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, се сретна со претставници на сите оператори обединети во Здружението на информатичко-комуникациски технологии.

„На средбата е разговарано за сите аспекти на и што произлегуваат од измените на Законот за аудио и аудивизулени и медиумски услуги. Констатирано е дека постојат можности да се дојде до заедничко решение во скоро време.

На средбата е констатирана свесност од сите страни за решавање на прашањето, согласно интересот на државата и на граѓаните. Со оглед на можностите што се гледаат за скорешно изнаоѓање решение, има согласност да се одложи најавениот прекин на реемитување на домашните и странските телевизиски канали,“ информираат од Влада.

Операторите најавија дека ќе го прекинат реемитувањето на странските и домашни канали во понеделник на 2 март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реакција на операторите: Обвинувањата на ММА за учество во „пиратство“ се неточни и тендециозни

За новонастанатата ситуација со операторите, телевизиите вината ја гледат во АВМУ 

Владата ги повика операторите: Ќе се бара решение да не дојде до медиумски мрак во земјава

Операторите ќе прекинат со реемитување на домашни и странски ТВ канали освен на јавниот сервис

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Левица бара од Уставниот суд да ја укине функцијата на Артан Груби

Редакција

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд

Редакција

(Видео) Огромен број граѓани излегоа на Маршот за чист воздух

Редакција