еМагазин
Image default
Македонија

Определена мерка притвор за едно лице за убиството на Мартин Јанушев

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Убиство од чл.123 ст.1 од Кривичниот законик.

Лицето е осомничено дека на 03.11. 2017 година со умисла го лишил од живот сега починатиот Мартин Јанушев. Имено, осомничениот, користејќи дозволено викенд отсуство, ја напуштил КПУ Затвор Скопје – Скопје, каде што издржувал казна затвор во траење од 20 месеци, дошол пред зградата во која живеел Јанушев, се сретнал со него и испукал повеќе проектили од огнено оружје кон жртвата, нанесувајќи му пет огнострелни повреди – прострелни рани. Од здобиените повреди, Јанушев починал.

По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, судија на претходна постапка на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена, сметано од денот на негово пронаоѓање и лишување од слобода.

Кривичната пријава од страна на МВР за ова лице е поднесена до Основното јавно обвинителство Скопје на 17.11.2017 година. По поднесената пријава, во текот на предистражната постапка, обвинителството интезивно работеше на обезбедување материјални и вербални докази.

Притоа, испитани се над 40 сведоци и обезбедени се голем број релевантни вештачења и анализи.
Со оглед на тоа што осомничениот се уште е недостапен на органите на прогонот, согласно Законот за кривична постапка, надлежниот јавен обвинител до Министерството за внатрешни работи издаде Наредба за распишување домашна и меѓународна потерница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива до Уставниот суд за Законот за јазици

Редакција

Боки 13: Имам докази за криминал од Вилма Рускоска од 4 милиони евра, каде да пријавам?

Редакција

Нови 591 случаи на Ковид-19 од 1.683 тестирања

Редакција