еМагазин
Image default
Македонија

Општина Боговиње со најмногу, 24 заболени од коронавирусот во тетовскиот регион

Општина Боговиње сега има најмногу, 24, заболени со Ковид-19 (од кои едн починат) во тетовкиот регион, соопшти Кризниот штаб на општина Тетово по денешниот осми состанок.

Тетово има 21 со двајца починати, општина Теарце, и општина Брвеница 4 (починат 1 ), општина Јегуновце 4 и општина Желино двајца.

Тетовската градоначалничка Теута Арифи на средба со новинарите по завршување на состанокот на Кризниот штаб ги објасни новите мерки кои по нивно барање ќе се спроведуваат во тетовскиот регион. Таа објасни дека маските нема да бидат задолжителни за употреба на отворено, туку само во затворени простории.

– Побаравме од Владата да прецизира дека маските мора да се носат само во затворени простории како маркети, банки и институции. Ова е потребно според искуствата од другите градови, бидејќи затворените простории се најопасни. Мерката има буџетско оптоварување и затоа е потребно да има само за затворени простории, рече Арифи.

Од друга страна превоз на патници нема да биде дозволен, а работодавачите треба да најдат соодветни решенија за вработените.

– Најголем број на заболени со коронавирусот се резултат на комуникацијата и недржењето социјална дистанца. Мерката да нема организиран превоз на патници е во насока намалување на можноста за ширење на вирусот со оглед дека во автобуси и комбиња има стеснет простор за повеќе луѓе.

Од полицијата денес им е укажано на операторите дека оваа мерка стрикно ќе се реализира.  Полицијата, болниците и други институции го имаат решено ова прашање, а имаме информации дека веќе сопствен превоз имаат и поголемите компании за своите работници, рече Арифи.

Според Арифи, важно е во наредниот период да има помал полициски час за да се избегнат гужвите пред маркетите и институциите.

– Кризниот штаб исто така побара од Владата да полицискиот час на почетокот на светиот месец Рамазан да започне од 19 часот, со цел граѓаните да имаат повеќе време да ги реализираат своите дневни обврски, со што ќе се избегнат собирите и редиците пред маркетите и продавниците, рече градоначалничката.

Претствници на СВР Тетово информирале дека во изолација со одлука на Државен здравствен и санитарен инспекторат во општина Тетово има вкупно 204 лица, додека во државен карантин на Попова Шапка има 62 лица.

МИА/Фото: Општина Тетово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од коронавирусот почина маж од Лабуништа на 70 годишна возраст

Убава вест: 224 излекувани од коронавирусот во Македонија, нов раст

Шефот на СЗО: Најлошото во врска со новиот коронавирус допрва претстои

Вкупно 1.231: Нови 7 случаи на заразени со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сега е време за вистински потези, порача хрватскиот премиер Пленковиќ од Скопје

Редакција

Судот му даде рок до 5 декември на Бирото за супервештачењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција

Активни пожари: Гори на целата територија на државата

Редакција