еМагазин
Image default
Локално

На кои кафе барови, гостилници и ресторани, Општина Центар ќе им ги отстранува терасите

По извршениот инспекциски надзор на угостителски објекти во Општина Центар со кој се утврдува легалноста на поставената урбана опрема надвор од деловен објект, започна отстранувањето на нелегалните тераси на повеќе од 20 објекти, а во процедура се и други извршни решенија по кои општината ќе постапува во наредниот период, информираат од Општината.

Ќе се отстрануваат објектите кај кои е утврдено дека и покрај немање одобрение за поставување урбана опрема од Град Скопје, тие ја поставиле опремата и направиле тераси со што бесправно узурпирале јавен простор.

„Објекти кај кои Општина Центар утврдила нерегуларности и согласно тоа следува отстранување на терасите се кафе баровите: „Паладиум“, „Кофи Фектори“, „Бар Броз Кафе“, „Бар Деус“, „Бистро Правда“, „Нано бар“, „Бар Винил“, „Џус Бар“, „локал 45“, гостилниците „Сушико“, „Лантерн“, „Фрути ди Маре“, „Бруклински“, „Булевар“, „Сквер“ и рестораните „Гурмет“ и „Барака“.

Овие објекти по доставено барање до Град Скопје за вршење дејност надвор од својот деловен простор и поставување урбана опрема добиле официјално решение од Градот со кое нивното барање се одбива. Но и покрај тоа, тие постапиле спротивно од решението.

Согласно процедурата, иснпекциските служби на Општина Центар по извршениот увид, му издаваат на инвеститорот решение за отстранување на што претходи определен законски рок и можност инвеститорот сам да постапи по решението. Доколку инвеститорот не го стори тоа, општината со полициска асистенција, ќе го отстрани нелегалниот дел“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Студентите во студентскиот дом Стив Наумов немаат парно поради дефект на внатрешната инсталација кој е во надлежност на управата на домот

Редакција

Малолетници во Скопје силувале малолетник и тоа го снимале, а видеото го споделиле со неколку лица

Редакција

Татко со „голф“ си го прегазил детето

Редакција