еМагазин
Image default
Македонија

Општина Охрид ќе постапи според мислењето на Антикорупциска за судирот на интереси во случајот Нефи Усеини

Врз основа на јавно изнесениот став на Државната комисија за спречување на корупција на Република Северна Македонија на 16 јули 2019 година, во врска со еден од огласите за јавна набавка, Општина Охрид истиот ден испрати Барање за мислење до комисијата, во однос на спроведувањето на оваа постапка, информираат од Општина Охрид.

“Од Државната комисија за спречување на корупција, до Општина Охрид е испратен допис со мислење дека ќе настане состојба на судир на интереси доколку општината склучи договор со правно лице каде како сопственик се јавува член на Советот на Општина Охрид, а како управител се јавува член на неговото семејство.

Во дописот пишува дека советник во советот на општината, во смисла на член 8 став 2 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси има статус на службено лице и извршува јавни овластувања и должности, а во насока на член 51 став 1 од истиот Закон „Службено лице во вршењето на својата функција, јавни овластувања или должности не може да воспостави деловни односи со правно лице кое е во негова сопственост или во сопственост на член на неговото семејство или во кое тој или член на неговото семејство поседува акции или удели или кое го основал тој или член на неговото семејство или во кое одговорното лице е член на неговото семејство“.

Согласно член 52 став 2 од Законот за спечување на корупцијата и судирот на интереси, ако службеното лице постапи спротивно на цитираниот став 1 на овој член, на склучениот договор се применуваат одредбите за ништовност на договорот од Законот за облигационите односи.

Врз однова на ова мислење од Државната комисија за спречување на корупција, Општина Охрид ќе постапи согласно сите законски регулативи“, велат од Општина Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопственикот на дивоградбата кај Стариот чинар, Усеини: Како закупец уредно 11 години ги подмирувам обврските за оспоруваната летна тераса

Заев до Усеини: Тргни ја дивоградбата или државата ќе ја руши

Антикорупциска: Нефи Усеини како член на Советот не може да конкурира на тендер на Општина Охрид

Две куќи, стан, три автомобили, земјиште: Каков имот пријавил Нефи Усеини, чија пицерија во Охрид стана топ тема

Фото: Усеини/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Иванов го прекрши Уставот со непотпишување на законот за јазиците и Преспанскиот договор

Редакција

Вкупно 1.072 здравствени работници се заразиле со Ковид-19, оздравеле 939

Редакција

Собранието ја усвои оставката на Владе Богдановски од член во Судскиот совет

Редакција