еМагазин
Image default
Локално

Општина Охрид повеќе нема да субвенционира концерти организирани од приватни продукции во шпицот на туристичката сезона

Советот на Општина Охрид на вчерашната седница со 20 гласа го поддржа предлогот на в.д. градоначалникот Константин Георгиески од општинската каса да не се издвојуваат средства за кофинансирање и субвенционирање концерти и забавни содржини во шпицот на туристичката сезона, поточно во периодот од 15 јули до 15 август.

Со таквата одлука прекинува практиката воведена од пред неколку години на приватни компании и продукции да им се даваат поволности при организирањето концерти во денови кога градот и онака е полн со туристи, туку поддршка да се дава на манифестации што во иднина би придонеле за продолжување на сезоната во градот.

Само во 2018 година за организирање концерти и други забавни содржини од градската каса биле издовени околу седум милиони денари.

Приватна продукција што неколку години наназад заедно со Општина Охрид организираше концерти се уште не ги има подмирено сметките за користење на стадионот „Билјанини извори“, за што против продукцијата е покрената пријава.

Истата продукција од општинскиот „Црвен крст“ беше обвинета дека ја избегнува законската обврска дел од средствата остварени од продажбата на билети за концертите да ги уплатат за хуманитарни цели односно на сметката на Црвениот крст.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мајка пријава напад над ќерката од жена од Гостивар

Редакција

НЛБ банка за грабежот: Клиентите и вработените се безбедни и во добра состојба

Редакција

Притвор за 31-годишен гостиварец осомничен за силување​ на 17-годишна девојка

Редакција