еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Општина Охрид тврди дека постапката за легализација на дивоградби е согласно позитивната законска регулатива

Општина Охрид ги отфрла обвинувањата наведени во денешното соопштение на неформалната Граѓанска иницијатива „Охрид СОС“ за наводна незаконска и нетранспаретна постапка во врска со легализација на одредени катастарски парцели на крајбрежјето на Охридското Езеро, што се предмет на расправа на претстојната седница на Советот на Општината закажана за 2. април.

Според Локалната самоуправа на Охрид, таквите тврдења на „Охрид СОС“ се необјективни, паушални и во крајна линија невистинити.

-Локалната самоуправа ја спроведува целата постапка во согласност со законот што ја третира оваа материја. Во врска со наводите дека се легализираат бесправно изградени објекти на земјиште сопственост на Република Македонија во крајбрежниот појас, треба да се знае дека согласно член 12, став 1, алинеја 4 од законот, јасно е дефинирано дека може да се легализираат објекти што се изградени на земјиште сопственост на Република Македонија.

Во однос на бесправно изградени објекти во заштитениот крајбрежен појас, согласно член 18, став 1, во постапката се прибавува мислење по службена должност од Министерството за животна средина и просторно планирање за сите објекти, освен за објекти со намена домување во станбени куќи.

За овие објекти барателите доставуваат изјави заверени на нотар, дека ќе ги сносат сите последици од елементарни непогоди, како и одговорноста и последиците што објектот може да ги нанесе на животната средина. Истовремено, објектот не се вклопува во идните плански документации, стои во реакцијата од Општина Охрид.

Оттаму укажуваат дека Законот за постапување со бесправно изградените објекти доследно се спроведува во сите аспекти, а истовремено се повикуваат заинтересираните субјекти да се обратат во Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште за сите информации, за да се избегне дезинформирање на јавноста со паушални конструкции и невистини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Охрид СОС обвинува дека Општина Охрид повторно се обидува да легализира дивоградби на атрактивни локации

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со воведување на R32 фреонот се обезбедува до 9% поголема заштита на животната средина

Редакција

(Видео) Се пали на отворено пред Собрание, црниот чад и смрад од горена пластика се шири и никој не реагира

Редакција

Либерти Скопје го пријави до надлежните органи техничкиот инцидент кој се случи на линијата Лужилница

Редакција