Центарот за граѓански комуникации ја објави базата на податоци за сите тендери на локалните власти за новогодишно украсување за дочекот на 2019 година.
Базата на податоци открива дека за дочекот на Новата 2019 година се украсија повеќе општини и се потрошија повеќе пари од лани.
„Локалните власти склучија договори за новогодишно украсување во вкупна вредност од околу 615 илјади евра. Најголем дел од парите завршија кај скопската фирма Линк Медиа Плус која за два договори (со Градот Скопје и со Општина Струмица) ќе добие над 300 илјади евра, а најголем број на договори и тоа дури 11 во вкупна вредност од 185 илјада евра добила фирмата Метал-Вет-Ел од Скопје“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која од општините потрошила најмногу пари за новогодишно украсување
Фото: Град Скопје