еМагазин
Image default
Локално

Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово: И војската да се приклучи во воспоставување на ред

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување (ОШЗС) во врска со превземање на активности и мерки од ширење на корона вирусот, информираат од таму.

На состанокот биле донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

– Предлагаме до Министерство за здраство и Министерство за труд и социјална политика да го регулира со препорака правото на користење на помош и нега за друго лице, лицата да не одат на преглед и да не закажуваат термин преку Мој термин бидејќи ќе им биде продолжено правото на користење се додека трае вонредната состојба.

– На барање на ЈЗУ Општа болница Куманово, штабот препорачува матичните лекари при упатување на пациенти на Инфективно одделение при ЈЗУ Општа болница Куманово истите да ги праќаат со упати за лабораторија и ренген за да не се губи време за дијагностицирање, туку докторите веднаш да ги прегледааат и да знаат дали да ги остават на болничко лекување или на домашно лекување.

– Да се преиспитаат боледувањата кои што матичните лекари ги пишуваат на здраствените работници, припадници на армијата, полициски службеници и административни службеници кои што во случај на вонредна состојба се потребни за организирање во институциите бидејќи постои сомнение за евентуална злоупотреба на боледувања.

– Да се информираат сите правни субјекти кои учествуваат во акција за доставување на неопходни продукти на граѓаните на домашна адреса за време на траење на полициски час, и истите ќе бидат контактирани од технички служби на Општински штаб за заштита и спасување заради регулирање на необлигациите во врска со доставите

– Општински штаб за заштита и спасување повторно бараме во целост да се испочитуваат законските регулативи, особено вршење на дезинфекција, од страна на управителите на станбените згради на територија на општината.

– Барање до ЈП „Чистота и зеленило“ да продолжи со дезинфекција на јавно прометни површини во градски, приградски населби и села во Општина Куманово по редослед на приоритети добиени од ОШЗС.

– Барање до Владата да го регулира со акт вклучувањето на припадниците на Армијата во редарски тимови на ОШЗС во градот за да се спречи создавање на метеж пред банките, поштите, центар за соцојални работи и други пунктови каде што се собираат граѓани за шалтерски исплати и да се спроведуваат препораките на Владата за држење на минимум растојание на граѓаните помеѓу себе и задолжително носење на заштитни маски.

– Од утре, во дистрибуција на пакети за социјално загрозени семејства, покрај тимови на ОШЗС и Црвен Крст, ќе се вклучат и претставници на Армијата со свои тимови.

– Штабот во соработка со специјални тимови на армијата ќе врши дневна дезинфекција на просториите со зголемен проток на луѓе (банки, пошти и други институции) за што бараме соработка од наведените субјекти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Клиниката за инфективни болести починале четворица пациенти, и еден дома во Куманово

Вкупно заболени од корона вирусот 599: Нови 29 случаи, најмногу во Скопје и Куманово

(Фото) Мед и прополис за да се „ублажат маките“ на кумановските здравствени работници и да бидат здрави

Македонија влезе во трета фаза, Куманово, Скопје и Дебар се во четврта: Какви се проценките за ширење на коронавирусот

Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Реновирана „Школка„ во Градскиот парк во Скопје

Редакција

Кривична пријава за поранешен градоначалник на Карбинци

Редакција

Малолетник, кога бил забележан дека краде, скокнал од високо во трговски центар и тешко се повредил

Редакција