еМагазин
Image default
Македонија

Орбан: Го примивме Груевски, но не се мешаме во внатрешните работи на Македонија

Унгарските власти го разгледуваат барањето за азил, поднесено од поранешниот премиер Никола Груевски, информираат од прес-службата на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

Со оглед на тоа дека десетина години беше премиер, поради безбедносни причини унгарските власти дозволија Никола Груевски барањето за азил да го достави и биде сослушан во седиштето на Канцеларијата за имиграција и азил во Будимпешта. Канцеларијата ќе спроведе постапка за проценка на барањето за азил во согласно унгарското и меѓународното право, се вели во соопштението.

Од кабинетот на Орбан наведуваат дека Македонија е стратешки партнер и важен сојузник на Унгарија.  Добрата соработка меѓу двете држави е клучна за развојот на балканскиот регион и за безбедноста на Европа.

– Македонската влада е партнер на Унгарија и не сакаме на никој можен начин да се мешаме во внатрешните работи на суверените држави и постапката за проценка на барањето на поранешниот премиер на Македонија за азил го сметаме чисто за правно прашање, се вели во соопштението.

Согласно унгарските закони, властите на Унгарија не смее да објават дополнителни информации и детали поврзани со постапката за азил, до нејзино целосно спроведување.

Поранешниот премиер и екс-лидер на ВМРО-ДПМНЕ во вторникот на својот фејсбук-профил објави дека се наоѓа во Будимпешта, каде побарал политички азил поради безбедносни причини.

Груевски е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе паднат ли оставки за бегството на Груевски?

Судбината на Груевски во рацете на „лошото момче“ Виктор Орбан

Фарса не векот: Ќе ни остане ли за спомен од Груевски потерницата на МВР?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секој податок од пописот ќе проверува преку неколку бази на податоци

Редакција

Обвинителката е со истечен мандат, рочиштето против Рашковски за случајот „Софтвери” одложено за 14 март

Редакција

МВР вчера регистрира 750 прекршоци за неносење маска

Редакција