еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Орце Камчев и Цветан Панделески за 24 милиони евра си купуваат златна кокошка „сами од себе“

Бизнисмените Јордан Камчев и Цветан Пенделески сакаат „сами од себе“ за 24 милиони евра да ги купат биогасните електрани „Пелагонија енерџи“ кои се во сопственост на најголемиот производител на храна во земјава ЗК „Пелагонија“.

Двајцата бизнисмени кои директно или посредно се јавуваат како доминатни сопственици на капиталот во ЗК „Пелагонија“ основале заедничка фирма во Бугарија наречена „Тиор“ преку која сакаат да станат нови сопственици на двете електрани.

Според предлогот за продажба објавен преку Македонската берза, од вкупната сума 15,5 милиони евра ќе бидат исплатени на ЗК „Пелагонија“, а останатите 8,5 милиони евра ќе се исплатат на Стопанска банка Скопје и НЛБ Банка по основ на обврски за земени кредити.

Со овој чекор двајцата бизнисмени партнерски влегуваат во вносниот бизнис со производство на струја посебно затоа што „Пелагонија енерџи“ веќе има потпишано договори со ЗК „Пелагонија“ за набавка на суровини – ѓубриво од кравите и фуражната пченка кои се користат за производство на струја во биогасните електрани.

Истовремено, „Пелагонија енерџи“ со МЕПСО има потпишано договор за откуп на струја до 2030 по стабилни цени.

Со оглед на тоа што двете биогасни електрани имаат инсталиран капацитет од 6 мегавати, тоа значи дека во наредните 10 години тие ќе бидат „машина за пари“ со оглед на тоа што гарантиран е откупот и суровините за производство на струјата.

Камчев и Панделески директно или преку нивни фирми поседуваат над 51 отсто од капиталот во ЗК „Пелагонија“ така што станува јасно дека продажбата е речиси завршена работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орце Камчев и Цветан Панделески преку бугарска фирма ги купуваат електраните на ЗК „Пелагонија“ за 24 милиони евра

Судот го одби барањето за издавање на времени пасоши на Камчев и Панделески

Орце Камчев не е повеќе директор на „Орка Холдинг“, компанијата ќе ја води Антоније Мариноски

Извршители „во напад“ на фирмите на Цветан Панделески

Фото: Орка Холдинг/ФК Пелистер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитерџииите се испокараа за физичкиот изглед на Силјановска, првиот кандидат за претседател на државата

Редакција

Еко-фарма „Беровко“ се вклучува во хуманитарната помош за лекувањето на Леонид

Редакција

Топ пет најголеми должници кон УЈП: „ТЕ-ТО“ со долг од 11 милиони евра убедливо на врвот

Редакција