еМагазин
Image default
Бизнис

Осигурителниот пазар „цвета“: Раст на приходите од 10,4 проценти

Осигурителниот пазар минатата година има пораст на приходите од 10,4 отсто, беше кажано денеска на прес-конференцијата во Стопанска комора. Лани имало раст во сите класи осигурување, а како што беше истакнато има се уште потенцијал за раст на пазарот.

Забележителен раст има кај бруто полисираната премија кај земјоделското осигурување од 65,98 проценти и изнесува 261,02 милиони денари. Растот кај осигурувањето на посевите и плодовите кај индивидуалните земјоделци е 59,05 проценти, додека кај правните земјоделски стопанства 46,30 отсто.

Најголем раст е забележан кај осигурувањето на добитокот и тоа кај индивидуалните земјоделци од 206 отсто, додека кај правните лица од 33 отсто.

Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија за осигурувањето Климе Попоски на земјоделците им порача дека може да се дојде до намалување на цената на осигурувањето доколку тие преземат превентивни мерки и притоа ги намалат ризиците.

Раст имаме и кај осигурувањето живот од 29,57 отсто, со склучени 22.264 договори. Она што очекуваат во 2019 година е нов Закон за осигурување што е усогласување со ЕУ и воведување повисоки стандарди, како и окрупнување, што веќе се случува.

-Едно преземање има на осигурителна компанија од страна на Халк банка. Во тек се разговори за преземање на уште една осигурителна компанија, а има интерес и од странски инвеститор, рече Попоски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Весна Кутревска купи акции во Пекабеско

Редакција

Виталиа со слатки впечатоци од ISM 2019 во Келн, Германија

Редакција

Детален преглед: Кои граѓани добија субвенции за купување сончеви колектори?

Редакција