еМагазин
Image default
Македонија

Османи сведочеше за “Монструм“: Беше многу важно судењето да се повтори, бидејќи граѓаните не веруваат

Мојата улога денеска беше како сведок, споредено во тоа време како гласноговорник на ДУИ, да придонесам овој длабоко сензитивен, политизиран судски процес да се разреши и да се даде епилог на кој што ќе имаат доверба сите страни вклучени во процесот, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи по сведочењето за случајот „Монструм“.

-Многу е важно што има повторување на судскиот процес за случајот наречен „Монструм“. Тоа е важно затоа што очигледно првото судење поради чувството на нетранспарентност создаде многу дилеми по однос на епилогот на судење што потоа придонесе на недоверба на одлуката на процесот, но и недоверба во целиот судски процес, рече Османи.

Повтори дека е добро да се види повторен транспарентен судски процес на кој, како што рече, секој збор се следи од страна на јавноста, од страна на меѓународните фактори и ОБСЕ, со цел да се вгради доверба и овој процес, да се деполитизира и навистина да стане правно – кривичен процес во којшто врз основа на факти и аргументи ќе се донесе одлука, а потоа граѓаните ќе имаат доверба во таа одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети сведочеше за „Монструм“: Стравуваме да не дојде до судири и ескалација на состојбата

– Беше многу важно процесот да се повтори уште еднаш, затоа што граѓаните не веруваат. Многу е важно граѓаните да имаат доверба. Политичките партии и граѓаните нема да се мешаат во одлуката на судот.

Погледнете ги судењата во Хашкиот трибунал, каде целиот процес на судење оди во живо и по телевизии. Значи не само овие изјави тука, туку и присуството таму и сведочењата директно се пренесуваат во живо, бидејќи тие знаат и целиот свет знае дека е многу важно да се добие довербата на граѓаните во аргументацијата односно во фактите, рече Османи.

Тој изрази задоволство, бидејќи денеска гледа многу медиуми што го следат процесот бидејќи, како што рече, мора да се врати довербата за овој процес, как и довербата во судскиот систем.

-Тоа е важно не само за овој судски процес, туку и за сите други што на некој начин ставија лош имиџ на судството, односно дилема за селективна правда во нашата држава, без разлика дали е случајот на малиот Алмир, Сопот, или некој друг случај, рече Османи.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков, Џафери и Беџети следни сведоци за „Монструм“

Ахмети се знаел со Фејзи Азири, обвинет во „Монструм“, Османи го посетил семејството на заштитениот сведок Хаки Азири

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицковски: Се апсат луѓе врз изјави на сомнителни лица

Редакција

Негативен резултатот на последното лице што денеска беше тестирано за коронавирус

Редакција

До крајот на неделата ЛДП ќе предложи нов кандидат за министер за локална самоуправа на местото на Милевски

Редакција