еМагазин
Image default
Македонија

Османи на пат за Луксембург: Независно каква ќе биде одлуката, за нас сонцето и натаму ќе изгрева на Запад

„На пат за Луксембург и Брисел очи во очи со историјата пред конечната одлука“, напиша на својот Фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој рано утрово отпатува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори со претставници на Европската Унија во очи Министерскиот состанок за општи работи (ГАК), каде на дневен ред ќе се најде одлуката за почеток на преговорите со Македонија.

– Независно дали одлуката ќе биде денес или утре, дали ќе биде ДА или НЕ, за нас сонцето и натаму ќе изгрева на Запад, напиша Османи на Фејсбук.

По синоќешниот амбасадорски состанок во Луксембург, нема напредок во позициите на земјите-членки на ЕУ за отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија. Со тоа одлуката се префрлува за денеска на Советот за општи работи на ниво на шефови на дипломатии што се одржува во Луксембург.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Заман Македонија“ се откажа од владината субвенција: „Лудило е дека весникот има врска со воениот удар во Турција“

Редакција

Нов кластер во Куманово: За 24 часа 15 новозаболени од коронавирусот

Редакција

Заев за 100-те илјади евра за автокефалност на МПЦ: Секогаш сум ги помагал верските заедници

Редакција