еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Османи не го знае законот за употребата на албанското знаме

Како граѓаните да ги почитуваат законите, кога истите не ги почитуваат, ниту пак ги спроведуваат или доволно ги познаваат преставниците на власта.

Актуелен е случајот со поставувањето на албанското знаме на Самоиловата тврдина во Охрид, од страна на странски државјанин, наводен играорец од Косово.

Инцидентот, кој предизвика негативни реакции и во регионот, го толкуваше и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој вели дека албанско знаме во Македонија можело да се постави било каде, оти тоа било дозволено со закон.

Но дали е така?

Наместо вистинско тумачење на законот, како преставник на власта, од која нели се очекува такво нешто, Османи, со оваа изјава си даде некое свое толкување.

Знамето на албанската етничка заедница, која живее во Македонија, не може да се постави баш било каде.

Што пишува во дополнетиот Закон за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија од 2011 година?

Законот прецизно дефинира кога и каде, се поставуваат знамиња на етничките заедници:

„Во Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 58/05), во членот 3 се додава нов став 2, кој гласи: „Советот на единицата на локалната самоуправа носи одлука за употребата на знамето од ставот 1 на овој член во јавниот и службениот живот.“

Член 2

Во членот 4 по зборот „заедницата“ се додаваат зборовите: „и се повеќе од 50% од населението во таа единица на локалната самоуправа“.

Член 3

Во членот 5 во воведната реченица, по зборот „заедницата“ се додаваат зборовите: „и се повеќе од 50% од населението во таа единица на локалната самоуправа“, а по зборовите: „објектите на“ се додаваат зборовите: „од јавен и локален карактер“.

По алинејата 3 се додаваат две нови алинеи 4 и 5, кои гласат: „- при официјално доаѓање на висок претставник на меѓународната заедница и – во денови на одржување на манифестации од локален и меѓународен карактер.“

Член 4

Во членот 6 став 1 во воведната реченица по зборот „заедницата“ се додаваат зборовите: „и се повеќе од 50% од населението во таа единица на локалната самоуправа“. Алинејата 1 се менува и гласи: „-при мултилатерални настани, натпревари и други собири (јавни, научни, културно-уметнички, спортски и други), на кои единицата на локалната самоуправа е организатор, учествува или е презентирана, во согласност со правилата и практиката на одржување на тие собири и“.

Во алинејата 2 по зборот „други“ се додава зборот “јавни“.

Член 5

Во членот 8 во воведната реченица по зборот „заедницата“ се додаваат зборовите: „и се повеќе од 50% од населението во таа единица на локалната самоуправа“.

Член 6

По членот 8 се додава нов член 8-а, кој гласи: „Член 8-а Знамето на Република Македонија се истакнува со други знамиња согласно со закон и е со поголема димензија од една третина од другите знамиња.“

Линк од измените на законот од 2011 година, ОВДЕ.

Линк до законот од 2005 година, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Владата велат дека Законот за употреба на знамињата треба да го почитуваат сите

На Османи и Џафери им е поважно албанското знаме, отколку функционирање на правото и законите?

Бујар Османи: Поставете го албанското знаме било каде, дозволено е со закон

За Џафери казната за играорецот кој постави албанско знаме, требало да биде поблага

Играорецот вели дека Охрид е албански град, затоа ставил албанско знаме на Самоиловата тврдина

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието купува мебел за 2,5 милиони денари

Редакција

Убава вест: Оздравени 396 болни од Ковид-19

Редакција

Кардиоваскуларна болест и дијабет остануваат најчестите претходни заболувања кај пациентите со коронавирусот во Македонија

Редакција