еМагазин
Image default
Македонија

Османи прв ќе лета до Атина со новата линија на „Aegean airlines”

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи во четврток, на 1 ноември ќе замине за Атина по повод повторното воспоставување на авионската линија меѓу македонската и грчката престолнина, дознава дописничката на МИА од Атина од македонски и грчки извори.

Според истите информации, Османи ќе оствари средба со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, по што, од грчкото МНР, заедно ќе се упатат кон атинскиот аеродром “Елефтериос Венизелос”, од каде што вицепремиерот, во Македонија ќе се врати со првиот лет од Атина за Скопје, воспоставен по пауза од над 10 години, во кој ќе биде и дописничката на МИА од Атина.

Летот е во 18.40 часот по локално време, а во Скопје пристигнува по 1 час и 15 минути, односно во 18.55 часот по македонско време.

Како што веќе објави МИА минатиот месец, грчката авио компанија „Aegean airlines”, од 1 ноември почнува со редовни летови, два пати седмично од Атина за Скопје и обратно.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, како што во саботата објави МИА, во интервјуто за грчкиот весник “Реал њуз” го спомена и почетокот на авионската линија за директно поврзување на Атина и Скопје, како можност за продлабочување на контактите меѓу двата народи и зголемување на соработката во повеќе области.

-Тоа е особено позитивен развој на настаните, што значително ќе придонесе во зголемување на контакти меѓу нашите народи, но и во промовирање на нашата соработка во областа на туризмот, трговијата и бизнисот. Индикативно е колку се доближија нашите народи во последниве години, градејќи доверба и меѓусебно разбирање, рече Катругалос во интервјуто за грчкиот весник.

МИА/Фото: Фејсбук-профил на Бујар Османи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно: Од четврток авиолинија Скопје – Атина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР почна да издава потврди на граѓаните за документите што не го содржат новото име

Редакција

Специјалната обвинителка Елизабета Јосифовска даде исказ пред колегите од ЈО за случајот „Рекет“

Редакција

(Фото) Германскиот претседател Штајнмаер доби тегла мед од Атиџе, а се прошета и низ Стара чаршија

Редакција