еМагазин
Image default
Македонија

Основен суд Скопје 1: Груевски е должен доброволно да се јави на издржување на казната затвор

По одлуката на Апелацискиот суд во Скопје делумно да ја уважи жалбата на првообвинетиот Ѓоко Поповски во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а во целост да ја потврди казната од две години затвор на второбвинетиот Никола Груевски, Основниот суд Скопје 1 ги објасни следните чекори на судскиот систем.

„Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со одлуката на Апелациониот суд – Скопје КОКЖ – 23/18 со која делумно се уважува жалбата на првообвинетиот и во целост се одбива жалбата на второобвинетиот  во предметот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје со КОК 59/17, во јавноста познат како „Тенк“, ја информираме јавноста дека по приемот на предметот од Апелациониот суд истиот согласно АКМИС – електронскиот систем за процесуирање на предмети ќе биде распределен на судија за извршување санкции за натамошно постапување“, наведува судот.

Според Основен суд Скопје 1, судијата за извршување санкции, согласно Законските одредби, изготвува упатен акт, што го доставува до осудените лица во предметот и истите, по приемот, се должни доброволно да се јават на извршување на определната санкција.

Поповски во првична постапка беше осуден на 6,5 години затвор, а со одлуката на Апелацискиот суд неговата казна е намалена на 4,5 години затвор. На Груевски, пак, потврдена му е казната од две години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски нема да ги подржи уставните измени предвидени со договорот за името

Груевски ќе ги искористел сите правни лекови за затворската казна

Апелација потврди: 2 години затвор за Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР отвори бесплатна телефонска линија, за граѓаните да се информираат кои услуги функционираат

Редакција

Американската амбасадорка Бернс: Усвојувањето на законот за ЈО ќе испрати позитивен сигнал, ревидирањето на Преспа носи ризик

Редакција

Во Македонија нема небезбедни минерални води и газирани пијалаци, тврдат од АХВ

Редакција