еМагазин
Image default
Бизнис

Основната каматна стапка 2,75 проценти, НБРМ ја намали за 0,25 проценти

Народната банка на Република Македонија ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени со што таа изнесува 2,75 проценти.

Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ,одлуката ја донесе вчера на седница врз основа на оценката на постојните економски и финансиски услови, како и на постоечките ризици.

– Намалувањето на каматната стапка е одраз на континуирано поволните движења на девизниот пазар, коишто покажуваат солидна надворешна позиција и стабилни очекувања на економските субјекти. Поволни се и поместувањата во депозитната база на банките, што исто така е сигнал за стабилни очекувања и доверба. Општо земено и на оваа седница, Комитетот ги задржа досегашните согледувања за здрави економски основи и отсуство на нерамнотежи – се наведува во соопштението во кое се додава дека понудата на благајнички записи е непроменета и се задржа на нивото од 25.000 милиони денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бизнисменот Кочо Анѓушев и неговата фамилија на „црната листа„ на САД

Редакција

Агенцијата „Спид“ го доби тендерот на општина Струга за привремени вработувања „тежок“ 65.000 евра

Редакција

Компаниите бараат до 30 јуни во тековната година да знаат за сите даночни промени

Редакција