еМагазин
Image default
Македонија

Основниот суд Велес ќе му суди на судијата Владимир Панчевски

Основен кривичен суд – Скопје нема да му суди на поранешниот претседател на овој суд, Владимир Панчевски по предметот за злоупотреба на службената положба и овластување.

По овој предмет, со решение на Апелацискиот суд – Скопје за надлежен за постапување се определува Основниот суд Велес.

– Апелацискиот суд – Скопје до Основниот кривичен суд – Скопје достави решение со кое советот на второстепениот суд, постапувајќи по предлог на судија – поединец од Кривичниот суд  за пренесување на месна надлежност и определување друг суд кој ќе постапува по предметот К.бр. 1292/19 оформен по поднесен обвинителен предлог на ОЈО – Скопје  против В.П. за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување, согласно член 27 ст.3 в.в. ст.4 од ЗКП го уважи предлогот, соопшти денеска Кривичниот суд.

Второстепениот суд, како што е наведено во соопштението, утврдил дека обвинетиот е судија во конкретниот суд и со цел да се исклучи секакво сомневање во непристрасноста на првостепениот суд што би можела да влијае врз перцепцијата за објективноста на судот, како и согласно член 6 од Европската конвенција за човекови права, постојат причини за пренесување на стваранта надлежност.

– Со решението на Апелацискиот суд – Скопје, Основниот суд Велес се определува за стварно и месно надлежен суд да постапува по конкретниот предмет, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Панчевски за предлогот на Мицкоски тој да биде на чело на новото СЈО: Ме предлагаат или сум лош пример?

Мицковски го предлага Владимир Панчевски за прв човек на новото СЈО

Владимир Панчевски суспендиран, Јово Вангеловски „преживеа“

Фото: Фејсбук/Панчевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 23 лица, најмногу од Скопје, најмладите на возраст од 47 и 48 години

Редакција

Уапсени тројца скопјани и еден полициски службеник, во автомобилот имале дрога и пиштол

Редакција

Васо Ристов нов директор на МОБ

Редакција