еМагазин
Image default
Техно

Основните училишта ќе добијат „Микро бит“ уреди: Децата ќе кодираат и дигитално ќе се описменуваат

Британската влада инвестира 10 милиони фунти за да обучи еден милион ученици на Западен Балкан со дигитални вештини за иднината.

Проектот „Училишта на 21 век“ од денеска ќе стартува и во нашата држава и ќе бидат опфатени 330 основни училишта. Децата на возраст од 10-15 години ќе имаат можност да развијат вештини за критичко размислување, решавање на проблеми и кодирање.

Секое училиште ќе добие по 20 „Микро: бит“ уреди за кодирање, кои што ќе им помогнат на младите да стекнат нови дигитални вештини на забавен и интерактивен начин.

Британскиот државен министер за Европа, сер Алан Данкан во видео-обраќање нагласи дека среќен е што оваа програма се започнува на 30-годишнината од основањето на глобалната интернет мрежа (world wide web).

„Го правиме ова, бидејќи сакаме да помогнеме регионот да стане просперитетен  и стабилен, Развојот на вештини во 21 век ќе помогнат да се создадат следна генерација технолошки претприемачи и ќе помогне да се создадат повеќе работни места“, рече Данкан.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски рече дека овој проект е пресвртница во образовниот процес.

„Денешното образование ќе ги остави децата без работа. Има голема неусогласеност помеѓу понудата и побарувачката. Преку овој проект се покажува дека учењето може да биде и забавно. Кодирањето не е ИТ вештина туку начин на размислување и логика. Во иднина 90 проценти од работните места ќе бараат основно ниво на дигитални вештини. Образованието е предуслов за да создадеме такви кадри“ рече Манчевски.

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј нагласи дека децата преку оваа програма развиваат вештини преку иновативни и креативни начини, разваат критичко мислење и способност за решавање на комплицирани проблеми.

Министерот за образование Арбер Адеми порача директорите на училиштата и наставниците да бидат максимално ангажирани, да учествуваат во обуките и суштината на соодветен начин да ја пренесат на децата.

Во сите школи ќе има обучувачи за овој проект кој ќе трае три години, а Адеми посака програмата да стане дел од образовниот процес.

Британскиот совет ја воведе програмата како пилот –проект во 20 училишта, а според директорката Елеонора Запрова добиле многу позитивни реакции од учесниците.

За време на презентацијата на проектот, најдобрите ученици го презентираа сработеното, а ќе се натпреваруваат и на регионално ниво на Дигиталниот самит за Западен Балкан, кој ќе се одржи во Белград.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Технологијата во борба против вирусите во вашиот дом

Редакција

Виртуелен навигатор за пациенти со карцином на дојка за 24 часовна помош и советување

Редакција

„A1 Academy” со повик за пријавување на третиот модул – Дигитално претприемништво

Редакција