еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Детали од Обвинителството како се случило убиството на момчето во Ново Лисиче

Притвор во траење од 30 дена му е определен на осомниченот за убиството на 17- годишниот Никола Христовски, што се случи завчера во населбата Ново Лисиче во Општина Аеродром, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 18 годишник осомничен дека сторил кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот, со употреба на опасно орудие – нож на расклопување, лишил од живот едно оштетено лице. Настанот се случил околу половина час по полноќ на 14 август, на улицата „Февруарски поход“ во населбата Ново Лисиче.

По претходна расправија меѓу 18-годишниот осомничен и негов другар од една страна и поголема група лица од друга страна, осомничениот се дал во бегство кон зградите во населбата.

Неколку лица трчале по него и во момент кога му се доближиле, тој го извадил ножот со кој на оштетениот му задал еден удар во пределот на градниот кош. Повредениот бил пренесен во болница, каде подоцна починал, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, односно дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да влијае врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати ваквиот предлог и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Убиениот Христовски до неодамна беше член на Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крвав крај на пресметка меѓу врсници: Малолетник убиен со нож во Лисиче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски му го врачи мандатот на Спасовски за формирање преодна влада

Редакција

(Видео) Отровен воздух во Скопје: „Ако не сака Владата сами ќе го мериме загадувањето“

Редакција

(Фото) Заев и Филипче со синовите на мотори се дружеа на Беласица

Редакција