еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Остани дома, остани во чекор со „Танец“

Имајќи ја предвид состојбата со корона вирусот, За љубителите на македонскиот музичко-сценски фолклор, „Танец“ секоја сабота (почнувајќи од 21.3.2020) на својот Јутјуб канал ќе Ви овозможува ексклузивно следење на сите негови концерти од минатогодишната јубилејна сезона, која што се одвиваше под мотото „Остани во чекор“, информираат од „Танец„.

Серијата концерти одржани во 2019 година, во знакот на 70-годишнината од основањето на ансамблот, беа снимени во рамките на посебен проект, кој НУ „Танец“ лани го стартуваше како дел од новата стратегија за заштита на културното и нематеријалното богатство.

Овие концерти (Велигденскиот и Јубилејниот концерт во МОБ, Новогодишниот концерт во МНТ, концертите во Струмица, Прилеп, Охрид, Велес и Битола, како и два концерти од минатогодишните гостувања на ансамблот во странство) се во трајна сопственост на институцијата и тие се достапни за сите оние медиуми кои што ќе имаат интерес да ги емитуваат.

Првиот концерт што ќе биде емитуван оваа сабота е спектакуларниот Јубилеен концерт „70 години – Остани во чекор“ одржан на 25 јуни во Националната опера и балет, а тој како и сите следни концерти ќе биде достапен за еднонеделно гледање.

Најавите за сите следни концерти, како и поединостите за истите, редовно ќе ги добивате на Фејсбук страницата на институцијата.

„За да бидете во чекор со „Танец“, а притоа и да бидете дома, не се потребни никакви посебни дополнителни помагала, освен вашите компјутери, таблети или паметни телефони. И се разбира да не следите на следниве линкови: youtube.com и facebook.com/www.tanec.com.mk„, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БРАВО: Гифти текс од Прилеп на свој трошок почна да произведува заштитни маски, кои ќе се донират

Казнете ги продавниците, маркетите, аптеките, пазарџиите… кои сега во најтешкото ќе ги зголемат цените

За амортизирање на ударот од корона вирусот: Државата да се задолжи, банките да понесат дел од товарот

Секој Грк што ќе изгуби работа поради коронавирусот на почетокот на април ќе добие надомест од 800 евра

Фото: Танец

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска банка Скопје ги избра проектите за инклузија на лицата со попреченост што ќе добијат вкупно 20.000 евра

Редакција

Забавувај се и донирај за СОС Детско село на Меѓународниот ден на семејството во Капитол мол

Редакција

Македонските граѓани донирале 10 милиони денари за настраданите во земјотресите во Турција и Сиријa

Редакција