еМагазин
Image default
Македонија

Остануваат клучните разлики помеѓу власта и опозицијата за СЈО

Остануваат клучните разлики меѓу власта и опозицијата за законот за јавното обвинителство со кој треба се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска.

– Тоа се разликите што се однесуваат пред се на продолжувањето на започнатите постапки од СЈО, користењето на доказите што се прибрани во тие судски постапки и во крајна линија завршувањето на постапките со цел да се добие правдата во оваа земја, рече Дескоска одговорајќи на новинарски прашања по денешната Европска конференција за медијација што се одржува во Скопје.

Таа кажа дека и во последните материјали што ги доставила работната група на ВМРО-ДПМНЕ не се содржани прифатливи решенија.

– Немаше нешто што можеше во делот на ова  отворено прашање да биде заедничко решение. Во тој дел тоа што беше пратено не соодвејствуваше за решение кое би можело да биде ставено во закон, изјави Дескоска.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адвокатот Танев за случајот со убиството на Денис Тот: Се работи само за една обична тепачка

Редакција

Како Али Ахмети, Талат Џафери, Бујар Османи и Илир Мета ја славеа албанската азбука во Скопје?

Редакција

(Фото) Армијата засилена со 200 професионални војници, догодина со уште 250

Редакција