еМагазин
Image default
Македонија

Остануваат клучните разлики помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и власта за иднината на СЈО

Работната група на ВМРО-ДПМНЕ викендот до Министерството за правда повторно испратила материјали за Предлог законот за јавното обвинителство, но клучните разлики и натаму остануваат.

-Викендот од ВМРО-ДПМНЕ испратија повторно материјали, но клучните разлики остануваат. Материјалите не беа во согласност со европските препораки за отворање на преговорите. Разговорите ќе продолжат, велат за МИА од Министерството за правда.

Работните групи на власта и опозицијата досега одржаа неколку средби за законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Главните разлики се идниот статус и функционирање на СЈО, судбината на постапките кои веќе се почнати и употребата на доказите.

За усвојување на законот за јавно обвинителство неопходно е двотретинско мнозинство и тој е еден од условите за добивање датум за отворање на преговори со Европската Унија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

При контрола во туристички автобус кој патувал кон Германија, откриени 19 фалсификувани ПЦР-тестови

Редакција

Истражување на Галуп: Од светските лидери, Македонците најпозитивно мислење имаат за Ердоган и Меркел

Редакција

Убава вест: Оздравени рекордни 2.116 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција