еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

„Отиде“ Македонија додека банките најдат „алтернативен“ начин за исплата на пензиите во готово

На македонските банки очигледно не им се брзаше со изнаоѓање алтернативно решение за исплата на пензиите во готово, а ако на тоа се надоврзе и владината одлука за ограничување на движењето на оваа категорија граѓани на два часа во денот тогаш не треба да зачудуваат турканиците пред експозитурите со што се зголемува опасноста од ширењето на корона вирусот.

„еМагазин“ уште на 19 март ја пренесе информацијата од Македонската банкарска асоцијација од каде најавија дека банките почнале консулатации со Владата за тоа како да се изврши исплатата на пензиите по новонастанатата ситуација со коронавирусот.

„Од понеделник влегуваме во последната недела од месецот што значи дека се ближи исплатата на пензиите. Сите знаеме како изгледаат банкарските шалтери кога се исплаќаат пензиите, а во моментот токму оваа категорија од населението е најранлива од аспект на изложеност на вирусот.

Поради тоа од вчера започнавме интензивна комуникација со Владата за изнаоѓање начин за безбедна исплата на пензијата на сите пензионери кои ќе сакаат да ја подигнат својата пензија во готовина“, изјавија тогаш од Македонската банкарска асоцијација.

Фотографиите и реакциите што македонските граѓани ги објавуваат на социјалните мрежи се доказ дека нема ништо од најавата за промена на начинот на исплата на пензиите и дека тие се принудени да одат на шалтерите и за тоа имаат само два часа во денот поради што е нормално појавата на гужви.

Пензионерите се луѓе во години и голем дел од нив не знаат да се снајдат со платежни картички и затоа сакаат пензиите да им се исплатат во готово.

Од друга страна, банките се однесуваат како да е научна фантастика решението за достава на пензиите и како тоа да не го правеа до пред некоја година преку Македонската пошта.

Остануваат прашањата дали доставата преку пошта би ги зголемила трошоците на банките и дали за да заштедат тие решија пензиите да се исплаќаат во експозитурите.

Жално е што, додека „бараат“ решение, пензионерите кои се најранлива категорија во однос на корона вирусот се изложени на зголемен ризик, а посредно се зголемува опасноста од забрзано ширење на заразата во цела држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Банките наплаќаат многу „посолени“ камати за кредитите отколку што даваат за штедните влогови

Спасовски: Владата очекува солидарност од банките, доколку ја нема тоа ќе се дефинира со уредба

Детален преглед: Банките решија да наплаќаат камати на „корона кризата“

„Корона-каматите“ треба да се изучуваат како пример за општествена неправда

Фото: Фејсбук/Дејан Божиновски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повеќе од 15 илјади лица исчезнати во војната во Украина, велат од Меѓународната комисија за исчезнати лица

Редакција

Огнен Јанески е новиот главен и одговорен уредник на телевизија „24“

Редакција

Стручното списание Viruses: Ковид-19 по инфекцијата може да се задржи во мозокот и повторно да „нападне“ кај лица што се сметаат за излечени

Редакција