еМагазин
Image default
Македонија

Откако имале контакт со заразена пациентка: Во самоизолација 14 медицински лица во Штип

Двајца лекари инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари од штипското Инфективно одделение се ставени во самоизолација, по наредба на здравствен санитарен инспектор, откако е утврдено дека имале контакт со 80-годишна пациентка, која била хоспитализирана со негативен тест на Ковид 19 и дијагноза бронхопневмонија.

Но, по влошувањето на состојбата и новиот земен брис пациентката се покажала дека е позитивна на корона вирусот.

Директорот на штипската Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев вели дека од вчера е направена целосна реорганизација на ова одделение, на кое во моментов за пациентите се грижат еден инфектолог, еден специјализант, а на испомош ќе им дојде инфектолог од струмичката болница.

„Кадарот е пополнет, што се однесува до медицинските сестри е пополнет со медицински сестри од другите одделенија и во договор со Министерството за здравство ќе ни биде пратена една лекарка инфектолог од Општата болница во Струмица, која веќе од недела, односно од утре ќе се вклучи во работата на Инфективното одделение“, вели Ѓеорѓијев.

Во моментов на ова одделение се хоспитализирани двајца пациенти со средна клиничка слика, кои се позитивни на коронавирусот, а остантите се лекуваат во домашни услови и се во секојдневен контакт со инфектолозите.

Ѓеорѓијев вели дека по потреба се донесуваат и на контроли во одделението. Според него добро е што сите пациенти кои се во домашна изолација имаат добра здравствена клиничка слика.

Тој денеска информираше и дека на испомош на кумановската болница за наредните две недели имаат пратено еден лекар интернист. Апелира медицинскиот кадар кој во моментов е на првите борбени редови да се заштитува и да ја користи заштитната опрема, онако како што е пропишано.

Донациите во опрема пристигнуваат секојдневно од фирми, но и од граѓани. Најави дека во понеделник ќе спроведе итна јавна набавка на заштитна опрема, која смета дека ќе биде доволна за наредните два месеца за вработените во болницата.

Во Штип првите случаи на заболени од коронавирусот беа потврдени пред дваесеттина дена, се очекува наредната недела Институтот за јавно здравје да информира колку од нив се излекувани.

МИА/Фото: Општина Штип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

4 медицински сестри од Штип во самоизолација, имале контакт со пациентка со коронавирусот

Здравствените работници во Штип се разочарани и лути: Дел од лицата кои се во самоизолација, но и членови на нивните семејства се шетаат низ населените места

Без изразени симптоми 126 лица од заболените со коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стојанче Ангелов: Скандирањето „УЧК” ја разгорува меѓуетничката омраза и не оди во прилог на помирувањето 

Редакција

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ реагираше на толкувањето на Законот за амнестија од Обвинителство

Редакција

106 нови случаи на Ковид-19 од 761 тестирања, во Скопје 72

Редакција