еМагазин
Image default
Македонија

Откажана собраниската расправа за Предлог-законот за попис

Собраниската комисија за европски прашања на која денеска требаше да биде разгледан Предлог-законот за попис на населнието, домаќинствата и становите 2020 година, е откажана.

Оваа комисија утринава е тргната од дневните активности на веб страницата на Собранието. Засега официјално не е соопштена причината зошто е откажана оваа комисија.

Вчера, ВМРО-ДПМНЕ реагираше за овој Предлог-законот и начинот на којшто тој треба да биде донесен. Според партијата, законот е изготвен без консултации и со ставањето на европското знаменце власта се обидува во брза собраниска процедура да протне законски текст без јавна дебата на која ќе бидат пренесени и ставовите на опозицијата и на граѓаните.

Според Предлог-законот за попис, Државниот завод за статистика треба во април 2020 година да го спроведе деветтиот Попис на населението, становите и домаќинствата.

Според Предлог-законот, се предвидува дека за Пописот ќе бидат потребни 522.751.000 денари од кои 221.315.000 за 2019 година и 301.436.000 за 2020 година.

Финансиски импликации врз државниот Буџет ќе има и во 2021-ва (за прибирање, обработка и печатење на податоците од Пописот и нивно дисеминирање), но во предложеното законско решение не пишува колкава сума треба да се проектира.

Во изминатиот период државава има спроведено осум пописи на населението: во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година.

Во 2011 година, почнатиот попис беше прекинат со одлука на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груби за одложувањето на дебатата за пописот: Не обезбедивме претставник од ЕУ за Извештајот на ЕК

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР го демантира Мицкоски

Редакција

Европска комисија: Унгарија сѐ уште не потврдила дека одобрила азил за Груевски

Редакција

Полицијата вршела проверка на фирмите на советникот на ДУИ од Охрид, Усеини

Редакција