еМагазин
Image default
Локално

Откриени 78 мигранти кај штипската населба Три Чешми

Откриени се 78 мигранти кај штипската населба Три Чешми на патот во изградба Штип – Кочани.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштение до медиумите информира дека мигрантите се откриени рано утрово околу 4 часот кога полициски службеници од Регионалниот центар Исток и СВР-Штип сопреле моторно возило со скопски регистарски таблички.

Возилото го управувал 46-годишниот С.П., совозач му бил 32-годишниот Т.Р, двајцата од Велес,  кои претходно не застанале на даден знак на полицијата.

По потргата, во возилото се пронајдени  78 мигранти. Возачот и совозачот се лишени од слобода, а во моментов во Полициската станица во Штип се разговара со мигрантите и се утврдува од кои земји доаѓаат.

Дополнителни информации надлежните ќе соопштат по расчистување на случајот. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени тројца штипјани под сомнение дека ограбиле аптека во Скопје

Редакција

На предлог на градоначалникот на Општина Карпош: Миле Паника заслужен граѓанин за 2019 година

Редакција

Центарот за странски јазици – Скопје, единствен овластен испитен центар за испитите ИЕЛТС, Аптис и АЦЦА на Британскиот совет

Редакција