еМагазин
Image default
Македонија

Отсуството на обвинетиот Илија Димовски го одложи судењето за „Талир“

Судењето за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), што се однесува за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ е одложено за 7 март поради отсуство на обвинетиот Илија Димовски.

Судијата Осман Шабани, на почетокот информира дека обвинетиот Илија Димовски со писмен поднесок од 13 февруари го известил Судот дека е спречен да присуствува на денешното рочиште, бидејќи како пратеник и шеф на собраниската делегацијата во Парламентарното собрание на НАТО ќе учествува на заеднички состанок на комитетите, што ќе биде одржан од 17 до 22 февруари во Брисел.

Бранителот на Илија Димовски, адвокатот Петар Василев треба да го извести неговиот клиент.

Во судница беа присутни останатите обвинети Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, кои беа спроведени од куќен притвор, како и обвинетиот Леко Ристоски.

Застапник на обвинението е Ленче Ристевска од Специјалното јавно обвинителство.

Во „Талир“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески за „злоупотреба на службенатта положба и овластувања“ и „перење пари“, а Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска се обвинети само за делото „перње пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

СЈО поднесе уште еден обвинителен акт за предметот „Талир“ што се однесува на незаконската изградба на седиштето на партијата.

МИА/Фото: Фејсбук/Димовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради здравствени причини, Мухамед Зеќири оди во куќен притвор

Редакција

Нови 978 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје 405

Редакција

Казнети 394 граѓани за неносење заштитни маски

Редакција