еМагазин
Image default
Македонија

Отсуството на судијата Ставрев го одложи судењето за „Титаник“

Судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) продолжува на 23-ти април, откако денешното рочиште се одложи поради отсуство на судијата Огнен Ставрев.

„Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат материјални докази предложени од СЈО. Станува збор за околу 5.900 материјални докази. Се презентираат лични документи, како барања за издавање лични карти, изјави за ополномоштени лица, извадоци од сметки, потврди и други документи.

Претседател на судечки совет е судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е  обвинителката од СЈО, Лиле Стефановска.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање избкрна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гевгелиската болница ќе уреди уште едно одделение за ковид-пациенти

Редакција

Повредени двајца македонски ученици во реонот зафатен со земјотрес во Турција, едниот со потешки повреди

Редакција

(Фото) Промовирани нови 569 полициски службеници

Редакција