еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките кои Владата ги донесе на седницата одржана на 10 март за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

Секое непочитување на препораката за ослободување од работни обврски на еден од родителите на деца до 10 годишна возраст да се пријави во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31.

„Отсуствата од работа ќе се докажуваат со потврди кои ќе ги издаваат градинките и основните училишта, на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години, во кои ќе биде наведен и временскиот период за кој се однесува.

Истите ќе треба да се достават до секторот за управување со човечки ресурси или раководителот/директорот на институцијата/компанијата во која работи, до терминот за пресметка на следната плата.

Во однос на прекинот на работата на дневните центри за згрижување на лица со попреченост, укажуваме дека ослободувањето од работни активности на родители на деца/лица со попреченост е проширено на родители на деца и млади и над 10 годишна возраст.

Родителите е потребно по истиот принцип наведен погоре да достават потврда дека лицето е корисник на услугата дневен центар за лица со попреченост,“ се вели во соопштението на МТСП.

Од таму апелираат до сите граѓани да се придржуваат до препораките.

ПОВРЗНИ ВЕСТИ

Би се самоизолирале ли поради корона вирусот?

ЈСП од утре со редуциран возен ред поради состојбата со корона вирусот

Мерка за превенција од коронавирусот: Еден од родителите на деца до 10 години, има право на платено работно отсуство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Во чест на новородениот внук, Џафери ќе ја легализира дивоградбата кај Мавровка„: Твитер реакции

Редакција

Македонската Армија испрати обучен тим за помош во Турција

Редакција

Русија ја зголеми старосната граница за служење во војска, од 40 на 50 години

Редакција