еМагазин
Image default
Македонија

Отворен предмет по допрен глас за работење на приватна болница

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас во врска со евентуални незаконитости во работењето на една приватна болница од Скопје.

Предметот, како што соопшти Јавното обвинителство, е отворен по следење на написите во медиумите за извршени лекарски интервенции на срце и крвни садови во една приватна болница согласно кои приватната болница злоупотребила склучен Договор за кардиоваскуларни работи со Фондот за здравствено осигурување.

Како што посочуваат од Обвинителството, постојат постојат индиции дека дел од наплатените интервенции се фиктивно извршени од страна на болницата, како и дека за ист пациент и за ист вид интервенција се вршени по неколку наплати од Фондот.

Надлежен јавен обвинител ги презема сите неопходни дејствија во насока на утврдување на фактите во предметот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Регистрирани нови 19 заболени од корона вирусот, од кои 11 во Скопје

Редакција

Во Кривичниот суд нови рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“ на СЈО

Редакција

Не им давајте лажна надеж на граѓаните дека ќе се сменат одредби од Преспанскиот договор, вели Османи за пасошите

Редакција