еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Отворен првиот контакт центар за глуви и наглуви

Денеска стартуваше со работа првиот контакт центар за глуви и наглуви лица кој што е дел од програмата на Сојузот на глуви и наглуви лица финансирана од државата.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во своето обраќање истакна дека поддршката која што глувите и наглувите лица ќе ја добиваат од толкувачи на знаковен јазик преку мобилна апликација ќе значи многу за нивното секојдевно функционирање.

Контакт центарот во којшто сега се ангажирани двајца толкувачи ќе работи од понеделник до петок од 8 до 18 часот.

„Оваа иницијатива посебно ме радува поради тоа што како Влада кога ги разгледавме сите активности на овие сојузи коишто за различни лица со попреченост ги спроведуваат видовме дека со години се финасирале едни исти активности од страна на државата, но малку давале за квалитетот на живеење на лицата со попречености.

Предизвикот кој што го поставивме пред сојузите беше: ве молиме ќе ги зголемиме финасиските средства, но дајте програми, дајте развојни концепти коишто ќе го подобрат животот на лицата со попречености. Ме радува што Сојузот на глуви и наглуви го прифати тој предизвик. Оваа година во нивната програма финасирана од игрите на среќа директно развиваме услуга која што ќе го олесни пристапот до толкувачи на глувите и наглувите лица“, рече Царовска.

Фото: МТСП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Винка Саздова ќе промовира нов роман „Вилино“

Редакција

Новинари од BuzzFeed и Google News Lab на вториот Истражувачки филмски фестивал Скопје

Редакција

Македонскиот хируршки тим распореден во НАТО мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул денеска се врати дома

Редакција