еМагазин
Image default
Убава приказна

Отворена нова продавница во ГТЦ: „Европа“ врти нова слатка страница во својата историја

Чоколади, вафли, бонбони, чоколокум, крем банани, голем број генерации израснаа со препознатливите производи од македонската „Фабрика за задоволства“ АД Европа, која е позната по својата традиција во создавање на уникатни слатки што го освоија срцето не само на домашните купувачи, туку и пошироко.

Приказната што започна во 1882 година постојано се надградува со највисоко ниво на квалитет, а оваа година таа приказна врти нова слатка страница.

Сè започна во 1882 година со отворањето на шеќерскиот дуќан „Европа“ во Скопје. Од скромни почетоци со дневно производство од 250 килограми и пет вработени, еден од најстарите кондиторски производители на Балканот прерасна во голема модерна фабрика, чии производи денеска се извезуваат во 25 земји и претставува вистински сладок амбасадор на нашата земја.

„Европа“ особено се истакнува по оригиналната рецептура што стои зад секој производ, при што се употребуваат најквалитетни суровини и постојано се следат законските регулативи.

Така, оваа година направена е замена на редовната палмина маст со палмина маст со помало присуство на GE (Glicidyl Esters) до 1ppm/kg  согласно законските процедури на ЕУ кои стапија на сила од 30.09.2018 година.

Како компанија која ги следи и креира трендовите, „Европа“ во својот асортиман неодамна внесе нови производи, како што се малите чоколади и вафли „мини“ и чоколадните десерти „минт“, кои веднаш го освоија пазарот.

„Специјализираните продавници се уште еден доказ за заложбите на „Европа“ да ги задоволи потребите на потрошувачите, но настојувањето за усовршување, надградба и промени не застануваат тука, а показател за тоа е отворањето на новата ребрендирана продавница во ГТЦ.

Отворањето на продавницата на едно место собра љубители на слатки задоволства од различни генерации и претставуваше одлична шанса за дегустација на производите на „Европа““, велат од компанијата.

„„Европа“ е компанија која постојано се труди да ги задоволи вкусовите на своите потрошувачи. Оваа година одлучивме да направиме чекор кон иднината и да свртиме нова слатка страница, а како навестување за промените што ќе следат е отворањето на продавницата во ГТЦ, која е израз на духот на традицијата содржан во квалитетот на производите уште од 1882 година, како и на современите трендови кон кои постојано се стремиме.

Уште еден показател за промените е  редизајнот на нашите топ 15 производи на што работиме во моментов. Нашите потрошувачи ги очекуваат многу убави изненадувања од нашата „Фабрика за задоволства“, изјави на отворањето директорката на „Европа“, Марика Караџова.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Кои Македонци го заслужија епитетот – најбарани интернационални модели

Редакција

Викендов во Вишни и во Охрид: Канонизација на светите Спаса и Спасе Вишенски

Редакција

15 студенти по хемија и фармација ќе може да стекнат тримесечна пракса во Алкалоид

Редакција