еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

„Оваа е таа подвоеност на владата и судството?“: Османи и Нухиу на „тапет“ на Твитер за Морина

Кривичниот суд во Скопје го одби барањето на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и на заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу да го посетат во затвор Томор Морина, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), кој е во притвор по потерница на Интерпол.

Од таму на двајцата владини функционери им објаснија зошто тоа е неизводливо.

Имено во член 178 од Законот за кривична постапка, посетите на притвореник ги одобрува судија на претходна постапка, а притвореникот може да го посетат блиски роднини, амбасадори, народен правобранител, а по барање на притвореникот може да го посети лекар и други лица.

Но, Османи не се откажува. Тој во изјава за ТВ21 вели дека ја почитува судската одлука, но дека сепак пронашол начин да му се обрати на Морина и да му даде до знаење дека прават сѐ за да не биде екстрадиран во Србија.

„Најдов начин да му испратам порака на господинот Морина дека ги активиравме сите домашни механизми за да ја разјасниме ситуацијата и што поскоро да се донесе позитивна одлука за него и да се гарантира дека нема теоретски шанси да биде екстрадиран во Србија, како и дека она за што се ангажирам е да биде ослободен од притвор додека не завршат постапките во Министерството за правда и додека министерството не донесе одлука дека нема да биде екстрадиран“, вели Османи.

„Упорноста“ на Османи, предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, а еве дел од твитовите:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камо да се ангажираше Османи за македонските граѓани како за Морина

Османи лично се ангажирал да се ослободи Морина, поранешен припадник на ОВК

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДУИ добила донации за изборите од 74.000 евра

Редакција

Ќе трае до 20 април: Од утре полициски час од 20 часот

Редакција

САД и Германија задоволни од исходот во македонското Собрание

Редакција