еМагазин
Image default
Локално

Овчар пронајден мртов во велешко

На 14.06.2019 година околу 15.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на место викано „Кури Даре“ во атарот на с.Кочилари, велешко, во близина на бачилото сопственост на Џ.Х.(40) и Х.Х.(45), двајцата од с.Кочилари, бил пронајден починат М.Г.(48) од Косово, информира МВР.

Според пријавеното, околу 06.30 часот М.Г. излегол да ги напасува овците на Џ.Х. Околу 14.20 часот Џ.Х. го побарал М.Г. на мобилен телефон, а откако не го добил, излегол да го бара, при што, според пријавата, го пронашол без знаци на живот.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крвава тепачка со ножеви меѓу ученици во Драчево

Редакција

Поради превенција од корона вирусот: Град Скопје препорачува таксистите да ги дезинфицираат возилата

Редакција

(Видео) Градоначалникот и дел од вработените на општина Центар работат од дома

Редакција