еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата ќе воведе забрана и посебен режим на движење: Армијата и полицијата излегуваат на улица

Владата на синоќешната седница ја задолжува Комисија за заразни болести при Министерството за здравство, да подготви детален писмен предлог со мерки и препораки за воведување на најстроги рестриктивни мерки во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирус Ковид-19 (забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраст) и истите да ги достави до Владата, за седницата што ќе се одржи на 21 март 2020 година (сабота).

Се задолжуваат Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Армијата  да направат детален оперативен план за спроведување на најстроги рестриктивни мерки што ќе ги преземе Владата, со цел спречување, внесување и ширење на коронавирусот COVID – 19.

Се задолжуваат Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Армијата во рамките на нивните надлежности, веднаш да пристапат кон спроведувањето на досегашните донесени мерки и препораки од страна на Владата.

Сите лица што не ја почитуваат мерката за самоизолација да бидат спроведени во државен карантин и против истите да биде поведена соодветна постапка, трошоците за време на престојот во државен карантин ќе бидат на товар на лицата што не ја почитувале оваа мерка.

За ова, се задолжува Министерството за правда, во соработка со Министерство за здравство да подготви соодветна уредба со законска сила во која правно ќе ја нормира целокупната постапка за спроведување во државен карантин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓаните кои се заглавени по аеродроми ќе се вратат со хуманитарни летови и ќе бидат во државен карантин

Вкупно 76 лица заболени од корона вирусот: Шест новозаболени, меѓу кои брачна двојка од Кавадарци

Македонка од центарот на епидемијата на Ковид-19 во Италија: Младо активно лице ја зарази цела Ломбардија, седете дома!!!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење за „27 април“: Обвинетите Илиевски и Дамовски не дадоа одбрана

Редакција

Заев: Немам докази за руско влијание во Македонија

Редакција

(Во живо) Втор ден протест против “францускиот предлог“ пред Влада

Редакција