еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЈП Водовод и канализација – Скопје нема да исклучува за неплатени сметки

ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно новонастаната ситуација со корона вирусот во нашата земја како и повикот на Регулаторната комисија за енергетика, известува дека во овој период, се додека се во важност препораките и забраните на Владата и Министерството за здравство, а се однесуваат на спречување на ширење на корона вирусот, НЕМА да ги исклучува корисниците на услугите на претпријатието кои имаат неплатени долгови, информираат од компанијата.

“Воедно известуваме дека во истиот овој период, инкасаторите, за читање на состојбата на водомерите, НЕМА да влегуваат во објектите во кои водомерите се поставени внатре.

Ги повикуваме корисниците за секоја потребна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје да се обратат на:

– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар

– 02 3240 300, Дирекција

[email protected]

vodovod-skopje.com.mk

facebook.com/jpvodovod.skopje

ПОЧИТУВАЈТЕ ги и ПРИДРЖУВАЈТЕ се до препораките издадени од релевантните институции Министерство за здравство,zdravstvo.gov.mk, Владата на РСМ, vlada.mk и Светската Здравствена Организација, www.who.int.

Зголемете го нивото на хигиена, избегнувајте физички контакти, редовно мијте ги рацете, пијте повеќе вода и одржувајте го вашиот имунитет, доколку забележите одредени симптоми јавете се на 078 387 194 – Институт за Јавно Здравје, Скопје. Бидете свесни за вас и сите нас„, велат од компанијата..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската берза се „штити“ од корона вирусот: Од утре се менуваат ценовните ограничувања при тргувањето

Мерка за превенција од корона вирусот: Во супермаркет во Грција ќе се влегува со бројче

Поради корона вирусот германската Амбасада времено ги затвора конзуларното и визното одделение

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик

Редакција

(Видео) „Руси одете дома“: Украинците протестираат во окупираните места

Редакција

Убава вест: 1.068 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција