еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Паѓаат маските: Разочараност или страв од опозиција кај ДУИ?

Се загрева предизборната атмосфера во Македонија посебно по вчерашната прва историска македонско-албанска предизборна коалиција меѓу СДСМ и Беса, што очигледено беше непријатно изненадување за ДУИ.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи вчера изјави дека овој „сојуз“ или ова топење на Беса во СДСМ е на штета на албанските интереси.

Според него, со тој сојуз се дефакторизира важноста на албанските гласови, но пред се, улогата на Охридскиот договор и бадентеровиот механизам за заштитата на албанските интереси.

„Ние денеска сме разочарани заради фактот што тие денеска не постигнаа нивна унификација заради мали лични и групни интереси и нивните одлуки уште повеќе ги дефакторизираат албанските интереси“, рече Османи.

Со ваквиот став, Османи како да призна дека за неговата партија се важни само албанските интереси, а не интересите на сите граѓани во земјава, Македонци, Срби, Роми, Бошњаци…

Од друга страна, лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека вчерашниот чин претставува надминување на стереотипите и моноетничкиот концепт на партиите во земјава.

„Што се однесува до другите албански партии и коалиции, сакам да ја уверам јавноста дека како победничка коалиција нема да дозволиме да бидеме уценувани и нема да прифаќаме непринципиелни преговарања и договарања. Оние кои што ќе сакаат да се приклучат на победниците ќе треба да ги прифатат нашите принципи и вредности за евентуално учество во владината коалиција“, изјави Заев.

На прашање за изјавата на лидерот на СДСМ дека нема да дозволат уценување од никого и дали мислел на ДУИ, Заев рече дека со оваа партија се во оперативна коалиција која финкционира на владино ниво.

„Вистината е дека одлуките на ДУИ во 2016 година овозможија да се попречи останувањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Со ДУИ се донесоа крупни одлуки, но се гледа дека останати се и последици од поранешната соработка со ВМРО ДПМНЕ во времето на режимот“, рече Заев и додаде дека како ќе се постави ДУИ во современата политичка состојба во државава, е прашање на нивна одлука и тест.

Според него, од нивниот капацитет зависи дали ќе се менуваат кон подобро.

Ваквата реторика открива дека калимерата меѓу досегашните коалициски партнери во Владата, СДСМ и ДУИ не е баш наштимана.

Истовремено, ставот за „разочараност“ кој го истакна Османи всушност демонстрира страв кај ДУИ. Станува збор за партија која на „стара слава“’ користејќи го конфликтот е на власт веќе дваесет години и која ги злоупотребува гласовите на албанското население во земјава за остварување на интересите на поединци.

Ако се земе предвид дека Алијансата на Албанците на Зијадин Села и Алтернатива исто така склучија предизборна коалиција станува јасно дека ДУИ и ослабената ДПА остануваат сами да се борат на изборите и дека поради тоа има многу големи шанси да завршат во опозиција.

Имено, тие и на минатите избори загубија огромен број пратенички места кои им ги „собраа“ останатите албански партии.

Сепак, останува да се види исходот од гласањето на изборите и понатамошните преговори, бидејќи минататите избори покажаа дека не прават Влада партиите што ќе победат на изборите, туку оние што ќе успеат да обезбедат мнозинство пратеници во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) СДСМ и Беса ја создадоа првата македонско-албанска предизборна коалиција

Алијансата за Албанците и Алтернатива официјално во коалиција под слоганот „Државата за сите”

Фото: Фејсбук/ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 136 случаи на Ковид-19, во Скопје 80

Редакција

(Видео) Преседан на Водици во Скопје: За сплотеност и заедништво, крстот посветен на сите учесници

Редакција

Вработена во МВР барала пари на рака за издавање лични документи, украла 600 илјади денари

Редакција