еМагазин
Image default
Локално

„Пајак“ возило пристигна и во Кавадарци

Во Кавадарци пристигна специјализираното возило за отстранување на непрописно паркираните возила кое ќе биде во сопственост на новоформираното Јавно претпријатие за паркинзи при Општина Кавадарци, информираше градоначалникот Митко Јанчев.

„Со ова се оформува проектот за зонско паркирање што опфаќа регулација на паркирањето во градот. Според проектот кој официјално ќе биде промовиран деновиве граѓаните ќе мораат да ги почитуваат прописите и правилата за паркирање на главните улици во Кавадрци“, напиша Јанчев на неговиот фејсбук-профил.

фото: Фејсбук-профил на Митко Јанчев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гимназиите повторно атрактивни за основците: За 285 места во „Орце Николов“ се борат 400 одлични ученици

Редакција

(Фото) Загина возач во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани

Редакција

Педесет и три годишник од Теново е починатиот човек најден вчера во реката Вардар кај Радиовце

Редакција