еМагазин
Image default
Балкан

Пациент со коронавирус во Тирана прогласен за мртов, а преживеал клиничка смрт

По реакцијата на лекарите од Инфективната клиника во Тирана, албанското Mинистертво за здравство објави ново соопштение, во кое стои дека 61-годишниот пациент од Тирана не починал, туку дека преживеал клиничка смрт.

„Пациентот (61) заразен со коронавирусot хоспитализиран на Инфективната клиника во Тирана преживал клиничка смрт. Лекарите со огромни напори го вратиле во живот. Но, неговата состојба останува исклучително сериозна! Очекувајте изјава на лекарите“, се објаснува во соопштението на Министерството.

Во меѓувреме медицинскиот персонал од клиниката апелира до граѓаните да останат дома,за да се спречи поголема катастрофа.

„Верувајте ни. Ние се гржиме за Вас. Ве молиме останете дома и на тој начин помогнете ни и нам и на сите граѓани“, стои во апелот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 136 дијагностицирани пациенти: 22 нови случаи од кои 15 во Скопје

Кој и каде ќе може да се тестира: Од денеска 14 пунктови за тестирање за коронавирус

Втор починат пациент од корона вирусот: Почина маж од Дебар на 63 годишна возраст

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Радев го предупредува Петков за Македонија

Редакција

Детето вежбало стрелање: Уапсен е таткото, пиштолот бил со легална дозвола и бил чуван во сеф

Редакција

Во Србија вакцинирани над пола милион лица

Редакција