еМагазин
Image default
Бизнис

Пад на депозитите и кредитите на компаниите

Вкупните депозити на корпоративниот сектор во јануари, годинава се намалени за 4,6 отсто, соопшти Народната банка.

„Оваа промена речиси во целост се должи на падот кај депозитните пари, во услови на пад и кај останатите компоненти, освен краткорочните депозити во странска валута коишто остварија пораст. На годишна основа депозитите на корпоративниот сектор се зголемени за 12,2 отсто, во најголем дел поради растот кај депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при пад на денарските краткорочни депозити“, информираат од Народната банка.

Оттаму додаваат дека кредитите на корпоративниот сектор оствариле месечен пад од 0,7 отсто, којшто анализирано по валутната структура во поголем дел произлегува од намаленото кредитирање во денари.

„Споредено на годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 3,2 отсто, под влијание на поизразениот раст на кредитирањето во странска валута (учество од 77,4 отсто). Со исклучување на ефектот од извршените отписи на сомнителните и спорните побарувања, согласно со одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај корпоративниот сектор во јануари изнесува 5,2 отсто“, велат од банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Треба согласност и интерес и од Грција за ставање во функција на железничката линија кај Меџитлија

Редакција

Македонски Телеком и А1 во „мртва трка“ на пазарот на ТВ-услуги

Редакција

Владата распиша тендер од 2,6 милиони евра, за физичко обезбедување на објекти

Редакција