еМагазин
Image default
Бизнис

Пад на индустриското производство во мај од 27 отсто

Индустриското производство во мај годинава забележа пад од 27 отсто во однос на мај лани, а од почетокот на годинава до мај во однос на тој период минатата година намалување од 14,4 отсто.

Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање од 4,3 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 32,1 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14,6 отсто.

Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите производство на прехранбени производи, производство на пијалаци, производство на тутунски производи, производство на текстил, производство на облека, производство на други неметални минерални производи, производство на метали, производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство на електрична опрема, производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање кај енергијата за 9,2 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 22,5 отсто капитални производи за 47 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 48,8 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 22,3 отсто.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Засега без договор по која цена Бугарија ќе и продаде струја на Македонија

Редакција

Оилко со зголема добивка од 147% во првото полугодие

Редакција

На 12 илјади лица со години не им биле префрлани средства во вториот пензиски столб

Редакција