еМагазин
Балкан

Падна косовската влада на Курти

Косовското Собрание, со 82 гласа „за“, 32 „против“ и еден воздржан, синоќа изгласа недоверба на Владата водена од лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

По обемна дебата, која траеше нешто повеќе од 11 часа и во која беа разменети меѓусебни обвиненија меѓу предлагачите и поддржувачите на опцијата за недоверба, од една и пратениците на ВВ на Курти од друга страна, недовербата за кабинетот на Курти беше изгласана синоќа околу 23 часот.

За уривање на Владата на Курти гласаа мнозинството пратеници на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), партијата која досега беше дел од владејачката коалиција и на чија иницијатива беше свикана собраниската седница, како и пратениците на опозициските партии.

Предлогот на ЛДК го поддржаа и партиите на српската и на другите немнозински заедници, Српската листа (СЛ) и групата Г6, кои исто како и ЛДК учествуваа во Владата на Курти.

Покрај 29-те пратеници на ВВ, против уривањето на Владата беа и тројца пратеници на ЛДК, меѓу кои и собраниската спикерка Вјоса Османи.

Иницијативата за гласање недоверба на Владата, ЛДК на поранешниот премиер Иса Мустафа ја покрена откако на 18 март премиерот Курти, без претходна консултација со коалициониот партнер, го разреши од функцијата министер за внатрешни работи Агим велиу, кој е воедно и прв потпретседател на ЛДК.

МИА/Фото: Фејсбук/Курти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Морето од невремето на островот Евија во Грција стана црвено

Редакција

Српскиот министер за одбрана Вулин обвини дека Скопје е центар за разузнавачки активности против Србија

Редакција

(Видео) Уапсен Илир Мета, поранешниот претседател на Албанија

Редакција