еМагазин
Image default
Локално

Паднал во провалија додека со камион истоварал шут

На 21.04.2019 година околу 12.50 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во с.Горна Баница, гостиварско, Ќ.М.(72) од Гостивар се здобил со тешки телесни повреди додека истоварал шут и земја во депонија во атарот на селото со товарно возило, информира МВР.

Според пријвеното, при кревање на сандакот за истовар, истиот го повлекол во провалија од околу 20 метри. Со тешки телесни повреди Ќ.М. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за незаконска екплоатација на минерална вода

Редакција

Срамота: Осум илјади литри масло за греење украдени од Специјалниот завод во Демир Капија

Редакција

Приведен малолетникот кој на „Тик-Ток“ објави видео како потпалува шума

Редакција