еМагазин
Image default
Бизнис

Пак се прават анализи за национален авиопревозник, иако претходните покажаа дека не треба да има

На седница на Владата задутре се очекува да биде усвоена уредба за распределба на финансиии за нискобуџетни авиокомпании и по нејзино објавување во Службен весник по неколку дена ќе се формира комисија за евалуација и ќе биде распишан јавен повик за евтини летови,  информира денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Апелирам до сите авикомпании кои сакаат да конкурират. Во наредните денови ќе се распише јавниот повик и очекувањата се да се јават поголем број, изјави Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на општина Кисела Вода.

Сугарески потенцираше дека на анимирање на авиопревозниците се работи пред да се објават повиците.

– Во периодот додека траат јавните повици немам никакви економски промотори кои работат во Македонија и тоа не ми е целта. Тоа го правиме предвреме, разговараме, зборуваме за деталите, но не би сакал да бидам инволвиран во тоа, наведе министерот за транспорт.

Новиот повик следи откако Министерството за транспорт и врски го поништи објавениот оглас за таа намена во јули поради, според образложението, административни пречки. На повикот аплицираше само нискобуџетната авиокомпанија „Визер“, која со два тригодишни договора од аеродромите во Скопје и во Охрид оперира на 30 дестинации кон 14 држави, со субвенции од македонската Влада.

За финансиска поддршка на евтини авиолинии за наредните три години се предвидени околу пет милиони евра.

Сугарески повтори дека се прават анализи за економска оправданост за формирање национален авиопревозник.

– Претходните анализи покажале дека не треба да има национален авиопревозник. Сега се прават нови анализи, се земаат предвиод компаративните искуства од Србија каде има јавно-приватно партнерство, но би почекале да завршат за да соопштиме, рече Сугарески.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Случај „Империја“ на СЈО: Замрзнат имотот на Орка холдинг и Ексико

Редакција

Комерцијална банка лани ја зголемила добивката за 69,3%

Редакција

Фондот за осигурување на депозити склучил договор со банките за обесштетување на граѓаните кои имаат депозити во „Еуростандард банка“

Редакција