еМагазин
Image default
Македонија

Минов: Ќе ја напуштам пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, поради исклучувањето на Јанчев

Пратеникот на ГРОМ, Панчо Минов ќе го прекине неговото членување во пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ каде што е коалиционен партнер од ГРОМ, додека претседател на партијата која е носител на коалицијата е Христијан Мицкоски, најави тој во дебата на телевизија „24 вести“.

Оваа одлука на Минов следува откако од партијата синоќа беше исклучен потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев.

-Сметам дека Јанчев е успешен градоначалник, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ од Кавадарци со кој победивме во коалиција на парламентарните избори, и на локалните избори кога тој стана градоначалник. Со вакви недемократски методи поради различно мислење во партијата, за мене е несфатливо, рече Минов кој информацијата ја доби за време на гостувањето во емисијата.

Фото: А1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) ЦК на ВМРО-ДПМНЕ поради силна соработка со Заев го разреши потпретседателот Митко Јанчев

Колкава моќ има Мицкоски: Што пишува во статусот на ВМРО-ДПМНЕ во делот на разрешувања

ВМРО-ДПМНЕ: Честитка за новата криминална коалиција на Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски утре ќе се сретне со преставници на Македонците од Бугарија

Редакција

Полициски час и рестриктивни мерки и во следните седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Редакција

35 Авганистанци кои привремено престојуваа во Македонија заминаа за Грција

Редакција